Честитајќи го утрешниот празник Богојавление – Водици, градоначалникот Тимчо Муцунски истакна дека преку донација на прехранбени производи продолжуваат активностите за поддршка на народната кујна.
„Во пресрет на еден од најголемите празници Богојавление – Водици, правиме мали работи, но со многу љубов и искреност. Честитајќи го утрешниот празник, посакувам здравје и љубов. Моја искрена желба е во духот на религијата – поддршката, меѓусебната помош и хуманоста да станат наша секојдневна навика“, напиша Муцунски во својот фејсбук-профил.