сабота, 19 октомври 2024

Општина Аеродром: Лажни инфромации на Левица за ДУП-от во Лисиче

Објавено на

часот

Сподели

„Дежурните лиферувачи на лажните вести и политичката партија која граѓаните ја препознаваат само по скандалите, дезинформациите и сензионационализмот, денес повторно во јавноста пласира неточни информации. Политичкиот субјект, кои од формирањето, па се до денес, својот политички ПР го гради врз основа на шпекулации и лажни вести уште еднаш се обидува во јавноста да презентира целосно неточна слика за состојбите во населбата Лисиче и Аеродром.

Општина Аеродром во целост ги демантира невистините изнесени во денешното соопштение на Левица. Веста објавена од страна на Левица, а поврзана со деталниот урбанистички план во Лисиче е целосно неточна. Имено, конкретниот детален урбанистички план е направен, во согласност со барањата и потребите на граѓаните од Лисиче. Информациите дека деталниот урбанистички план во Лисиче, предвидува изградба на згради на парцели кои се во државна сопственост и земјоделско земјиште се целосна дезинформации кои не кореспондираат со реалната состојба на терен.

Со денешната објава Левица само уште еднаш ја потврдува својата несериозност и леснотијата со која тие пишуваат и споделуваат непроверени информации со кои уште еднаш и по којзнае пат кои ги доведуваат во прашања својот кадровски потенцијал, но и кредибилноста, релевантноста и сериозноста кои треба да го има секој политички субјект“, се вели во реакцијата на Општина Аеродром.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ