сабота, 27 јули 2024

Општина Аеродром казни приватна компанија која одложувала отпад на непрописна локација

Објавено на

часот

Сподели

Општинскиот инспекторат ја изрече казната откако инспекторите утврдиле прекршување на законот, по претходна дојава од граѓани. Станува збор за локација која се наоѓа во населбата Ново Лисиче и на која претходно, комуналните служби на Општина Аеродром во неколку наврати, користејќи ги сопствените капацитети спроведоа акција за чистење на таа локација.
„Апелираме до граѓаните и правните лица да ги почитуваат законските прописи кога станува збор за соодветно депонирање и одложување на отпадот. Во таа насока ја информираме јавноста дека во следниот период, општинските инспектори, преку засилени контроли на терен ќе изрекуваат санкции за сите оние кои ја загадуваат животната средина и постапуваат спротивно на законот. Здравјето на граѓаните и чистата животна средина се единствениот приоритет на Општина Аеродром“, се вели во соопштението на општината.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ