среда, 23 октомври 2024

Општа тепачка во турскиот парламент (ВИДЕО)

Во турскиот парламент изби тепачка на седница, јавуваат турските медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Седницата која ја иницираа опозициските пратеници брзо прерасна во хаос и физички пресметки по изјава на пратеникот на работничката партија ТИП Ахмет Шик насочен против владејачката партија АК на претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган.

Тензиите ескалирале речиси во истиот момент кога Шик почнал да зборува, што предизвикало жестока реакција на присутните, што брзо ескалирало во тепачка.

Потпретседателот на парламентот Бекир Боздаг бил присилен да ја прекине седницата за да воспостави ред.

Повод за сето ова било претходно исклучување на членот на ТИП од парламентот Џан Аталај, кого Врховниот суд го осуди на 18 години затвор поради „помагање во обид за уривање на владата на Република Турција“.

Одлуката на Врховниот суд доведе до дисквалификација на Аталај како пратеник намалувајќи ја застапеноста на ТИПО во парламентот од четири на три мандати.

Меѓутоа, Уставниот суд потоа пресуди дека одлуката со која на Аталај му се одзема местото во парламентот била „неважечка и невалидна“, што дополнително го искомплицира случајот, а сега доведе и до физички пресметки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ