сабота, 27 јули 2024

Опозициски политичар во Русија осуден на 25 години затвор, ја критикуваше војната во Украина

Објавено на

часот

Сподели

Кара-Мурза ги отфрли обвиненијата и го критикуваше процесот на судење. „Стојам зад секој збор што го кажав. Не само што не жалам за ништо, туку горд сум на сѐ што кажав и направив“, рече тој минатата недела пред судот во Москва, додавајќи дека неговото судење потсетува на судењата на Сталин во 1930-тите.

Тој е 41-годишен татко на три деца, кој поминал години спротивставувајќи се на политиката на рускиот претседател Владимир Путин и кој лобираше кај странските влади и институции да воведат санкции против Русија и поединечни Руси за наводно кршење на човековите права.

Тој е обвинет за предавство и дискредитација на руската војска, откако ја критикуваше, како што Москва ја нарекува „специјалната воена операција“ во Украина. „Криминалците треба да се покајат за она што го направија. Јас, пак, сум во затвор поради моите политички ставови. Знам дека ќе дојде ден кога ќе исчезне темнината над нашата земја“, рече Кара-Мурза за време на судењето.

Набргу по почетокот на инвазијата на Украина, Русија воведе закон за цензура со цел да го потисне отпорот во општеството. Според нив, дискредитирањето на војската се казнува со затвор до пет години, додека ширењето намерно лажни информации за војската се казнува со 15 години затвор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ