сабота, 27 јули 2024

Опозицијата во Србија бара повторување на изборите; Вучиќ: Ќе ја одбраниме волјата на народот

Прозападната опозициска коалиција „Србија против насилството“ побара синоќа поништување на изборите на сите нивоа поради наводни бројни неправилности и злоупотреби.

Објавено на

часот

Сподели

На предвремените парламентарни избори во неделата уверливо победи владејачката Српска напредна партија (СНС) на претседателот Александар Вучиќ.

Изборната комисија ја потврди во понеделникот победата на СНС со 46,84 отсто од гласовите, наспроти „Србија против насилството“ која освои 23,38 отсто.

На изборите во Белград, одржани паралелно со парламентарните, листата на СНС доби нешто повеќе од 38 отсто од гласовите, а „Србија против насилството“ околу 35 отсто, покажуваат изборните проекции.

Опозицијата тврди дека е украдена волјата на граѓаните, пред сè во престолнината, а меѓународните набљудувачи оценија дека кампањата за изборите, иако не беше кандидат, ја одбележа доминацијата на Вучиќ, што, покрај неправедната конкуренција, пристрасните медиуми и други неправилности, придонело за нефер изборни услови.

Синоќа, кога истече рокот за поднесување приговори, опозицискиот блок соопшти дека ќе побара повторување на изборите на сите нивоа и дека ќе приложи докази за малверзации, изборен инженеринг на власта, носење гласачи во Белград од Република Српска и други српски градови.

Вучиќ им возврати дека не можат да се помират со изборниот пораз: „Во име на граѓаните на Србија, во име на целиот наш народ, вам, но и на сите во Србија сакам да им порачам –  ќе ја одбраниме изборната волја на народот и во тоа нема никаков сомнеж“, кажа српскиот претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ