сабота, 27 јули 2024

Опозицијата бара Дрин Ахмети кривично да одговара со затворска казна

Дрин Ахмети е жртва на страста на неговиот вујко Али Ахмети за пари и богатство, оценија опозициските партии по приведувањето на внукот на лидерот на ДУИ со 749 пиротехнички средства, реагираа опозициските партии по приведувањето на внукот на лидерот на ДУИ.

Објавено на

часот

Сподели

„Како што веќе рековме, крушите паѓаат под круши. Злосторството што го подметнаа вујкото и таткото, сега ги јаде и нивните деца. Дрин Ахмети е жртва на страста на неговиот вујко Али Ахмети за богатство и пари. Ако треба да функционира правната држава, Дрин Ахмети треба да биде осуден на неколку години затвор“, велат од Алтернатива.

Од Беса велат дека доколку Дрин Ахмети не одговора кривично, тогаш со него соработуваат и институциите.

„Ова е непростлив скандал. Ова покажува дека моралот и етиката на овие владетели испариле одамна. Ако нема одговорност, тогаш тоа значи дека со Дрин и Али Ахмети соработуваат и раководителите на надлежните институции“, велат од Беса.

Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат дали пиротехничките средства што беа најдени кај Дрин Ахмети се со европски дух.

„Од ЈО велат дека се известени за случајот и откако ќе има официјално вештачење за пиротехничките средства, јавен обвинител ќе постапи во понатамошна процедура“, вели Наум Стоилковски.

„За настанот е известен  јавен обвинител. Во зависност од фактите кои ќе бидат утврдени со вештачења на пронајдените пиротехнички средства јавниот обвинител ќе одлучува за натамошниот тек на постапката“, вели ОЈО.

Инаку, според член 396 од КЗ, тој што без дозвола изработува, чува, продава, купува или разменува огнено оружје, муниција или експлозивни материјали, ќе се казни со затвор од три до десет години. Доколку предмет на делото од претходниот став е најголемото количество огнено оружје, муниција или експлозивни материјали кои се забранети за граѓаните, сторителот ќе се казни со затвор од најмалку пет години.

На 30 декември 2023 година полицијата го приведе Дрин Ахмети, внук од брат на лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Тој бил запрен со автомобил од типот ренџ ровер, а при полициската контрола, во возилото пронајдени се вкупно 749 пиротехнички материјали.

„Денеска во 19 часот и 50 минути на улица Самоилова во Скопје, полициски службеници сопреле возило од типот ренџ ровер со албански регистарски ознаки, управувано од Д.А. (25) од село Зајас-Кичево. При контрола на возилото пронајдени се 749 пиротехнички средства. Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, соопшти МВР на 30 декември.

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ