сабота, 27 јули 2024

Oпозицискиот владин функционер Трипуновски бара покачување на субвенцијата за тутунот

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, инаку од редовите на ВМРО-ДПМНЕ денеска до Љупчо Николовски, министер во истиот ресор, поднел барање сите тутунопроизводители да добијат покачување на субвенциите од 80 на 100 денари.

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска поднесов барање до актуелниот министер Николовски и до Владата, да се направи корекција на уредбата за директни плаќања, односно сега стои ако реколтата надмине 15 илјади тони нема да имаат дополнителни 20 денари за килограм тутун, моето барање е субвенцијата од 80 да се поткрене до 100 денари“, изјави Трипуновски во Долнени, каде бил во работна посета, како што е наведено во соопштението.

Со укинување на ограничувањето сите тутунопроизводители би можеле да ја добијат оваа субвенција доколку се земе предвид тешката година која што ја имаа земјоделците, кажал Трипуновски.

„Со мојата активност во наредниве денови ќе се обидам максимално да го следам овој случај донеговото исполнување, односно до укинување на ова ограничување. Дали власта ќе се одважи, дали Николовски ќе се одважи, останува да видиме во наредните денови, јас од позиција технички министер ќе дадам се од себе за ова да успее“, изјави Трипуновски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ