вторник, 1 октомври 2024

Опозициски политичари во Албанија запалија столици пред парламентот како протест за апсење на нивен колега

Албански опозициски политичари запалија денес куп дрвени столици пред парламентот од протест поради апсење на нивен колега.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На почетокот на редовната собраниска седница, пратениците на опозицијата ги изнеле столиците од собраниската сала и ги запалиле на скалите на зградата.

Припадниците на безбедносната служба брзо го изгасиле пожарот.

Апелацискиот суд на Албанија во петокот ја потврди пресудата на понискиот суд со која Ервин Салијањи, член на опозициската Демократска партија, е осуден на една година затвор.

Понискиот суд го прогласи Салијањи за виновен за „лажна пријава“ против поранешен министер за внатрешни работи. Салијањи ја негираше вината и кажа дека судењето е политички мотивирано.

Претходно месецов, лидерот на Демократската партија Саљи Бериша, кој е во домашен притвор од декември, беше обвинет за корупција за дејства кои ги презел додека бил премиер од 2005 до 2013 година. Бериша исто така ја негира вината.

Демократската партија на Албанија повика на голем протест во главниот град Тирана на 7 октомври.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ