среда, 23 октомври 2024

Опозицијата во Венецуела му нуди гаранции на Мадуро ако доброволно ја напушти власта

Лидерката на венецуелската опозиција Марија Мачадо изјави дека ќе му понуди „безбедносни гаранции“ на претседателот Николас Мадуро доколку доброволно ја напушти власта.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Мачадо додаде дека и меѓународни сили се одговорни за она што се случува во Венецуела и повика на поголемо учество на меѓународната заедница.

Опозицијата во Венецуела ја оспорува победата на Мадуро на претседателските избори од 28 јули и тврди дека победил нејзиниот кандидат Едмундо Гонзалез Урутиа, кого како претседател го признаваат само Вашингтон и неколку земји од Јужна Америка.

За време на протестите на опозицијата против резултатите на изборите загинаа 11 цивили и еден војник, а над 1.200 луѓе се приведени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ