петок, 26 јули 2024

Опозицијата во Србија бара преговори за подобрување на изборните услови

Две парламентарни опозициски коалиции во собранието на Србија побараа итен почеток на преговори со претставници на власта за подобрување на изборните услови и нормализација на состојбата во општеството, по постизборната криза во која опозицијата ја обвини власта за кражба на изборите, главно во Белград.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во заедничкото соопштение по состанокот на лидерите на прозападната опозициска коалиција на левиот центар „Србија против насилството“ и десничарската коалиција НАДА порачано е дека, ако нема преговори, власта ќе ја сноси „целосната одговорност за состојбата во општеството и понатамошното влошување на ситуацијата“.

Повикот доаѓа откако повторно беше одложена конститутивната седница на српскиот парламент, и по одлуката повторно да се одржат избори за Белград, најверојатно на 2 јуни.

Владејачката Српска напредна партија (СНС) победи на предвремените избори на 17 декември 2023 и со коалициските партнери ќе го контролира парламентот и ќе формира влада, но опозицијата има бројни забелешки за регуларноста на изборите, пред сè во Белград.

Опозицијата и граѓанското општество бараат да бидат целосно вклучени во процесот на измена на изборните услови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ