Како што информира МВР, случајот бил пријавен ноќеска во 4 часот во СВР Скопје. Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.
МВР информираше дека и вчера во СВР Скопје било пријавено дека на улица Петар Ацев на подрачјето на општина Аеродром настанал пожар во патничко возило цитроен ц1 со скопски регистарски ознаки, сопственост на В.С. Од пожарот било зафатено и патничко возило киа со скопски регистарски ознаки, сопственост на И.Д.
Повредени немало, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита. Бил извршен и увид.