четврток, 6 март 2025

Опожарени две возила кај „Охис“, скопските пожарникари интервенирале на уште неколку пожари

Пожар на две патнички моторни возила бил пријавен денеска кај фабриката Охис за што интервенирала единицата на Противпожарната бригада на Град Скопје. Нема повредени.

Објавено на

часот

Сподели

„Во 13:20 ч. добиена е дојава за настанат пожар на две возила „рено кангу“ и „БМВ“ на главниот влез пред фабриката Охис. Интевенирано е со едно противпожарно возило со тројца пожарникари. Интервенцијата е завршена во 14:10 ч. Пожарот првично е настанат кај возилото „рено“, на кое при движење му истекувало бензин од резервоар, што е причина за пожарот на второто возило“, изјави за МИА командирот на скопската бригада за противпожарна заштита, Звонко Томески.

Тој додаде дека од пожарот настаната е материјална штета на двете возила.

Во исто време денеска имало уште две интервенции на патнички возила. Како што информира командирот на ППБ, едното било на бул. Св Кирил и Методиј, каде било опожарено патничко моторно возило „матиз“, а другото патничко возило било на територијата на Општина Чаир.

Денеска имало интеревенција и на опожарена куќа во с. Буковиќ и на резервоари на бензиска пумпа во општина Бутел.

Интервенирале и на три опожарени контејнери за смет, сопственост на ЈП Комунална хигиена, како и повеќе интервенции на отворен простор од с. Мирковци, па сè до аеродромот кај Петровец каде исто е интервенирано на сува трева и грмушки.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ