четврток, 30 мај 2024

Опомена за јавниот обвинител од судот за попречување на одбраната на Жан Митрев

Сведок на обвинителството се откажа од оштетно побарување и побара да не биде дел од постапката против Жан Митрев.

Објавено на

часот

Сподели

На вчерашното продолжението на судското рочиште против д-р Жан Митрев и неговата клиника беа сослушани два сведока на обвинителството. Еден од нив кој од обвинителството беше предложен како измамен и оштетен пациент, вчера изјави дека немал никаков контакт со клиниката „Жан Митрев“, ниту со кој било од лекарите, туку контактите оделе преку нејзиниот син и дека сè што сведочеле било пренесено од синот. Таа нагласи дека нејзиниот сопруг бил префрлен од болницата „8 Септември“ во клиниката „Жан Митрев“ затоа што уште пред короната знаеле дека се работи за добра клиника и дека главниот мотив им било нејзиниот сопруг да добие подобро лекување. Сведокот се откажа од какво било оштетно побарување и побара воопшто да не биде повикувана во иднина за предметот и дека не сака да учествува во постапката.

Вториот сведок на обвинителството изјави дека одлуката да се лекува во клиниката „Жан Митрев“ ја донел лично нејзиниот сопруг заради доброто искуство што го имале од успешно лекување на негов роднина во клиниката и затоа што во Радовиш имало некаков ковид центар во кој што немало ниту инфектолог. Сведокот изјави дека нејзиниот сопруг самиот дал согласност за хемофилтрација, па дури и ѝ се јавил додека траела хемофилтрацијата да ѝ каже дека е подобар. Истиот сведок е втор сведок предложен од обвинителството што потврди дека од страна на обвинителот биле сослушувани групно сведоци кои присуствувале при диктирањето на нивните искази. „Јас бев последна и бев присутна кога другите сведоци ги даваа исказите и при диктирањето на нивните искази ги слушав, а со мене во просторијата беа ќерка ми и мојата внука”.

И двајцата сведоци за кои обвинителството тврди дека се измамени, наведоа дека немале никаков контакт ниту со д-р Жан Митрев, ни со кој било друг доктор од клиниката.

Во текот на судењето судечкиот судија ја опомена обвинителката Искра Хаџи Василева дека ќе биде парично казнета во момент кога ја попречуваше одбраната да поставува прашања приговарајќи пред да биде поставено прашањето дека таа однапред знаела што ќе праша одбраната.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ