четврток, 19 септември 2024

ОПМ: Есенската кошничка е корисна, но е краткотрајна

Организација на потрошувачи на Македонија (ОПМ) не е вклучена во дискусијата за правењето на кошничките, со кои ќе се намалуваат цените на производите. Но, според претседателката на Организација на потрошувачи на Македонија, Маријана Лончар Велкова оваа мерка е корисна, но кракторајна.

Објавено на

часот

Сподели

„Законот за нефер трговски практики е многу битен да се примени. Заради тоа што, тука спаѓаат оние сто производи, за кои есенски ќе се намалат цените“, вели Лончар Велкова.

Забележа дека со овој закон индиректно се заштитуваат потрошувачите, бидејќи трговците ќе ги намалат маржите на 2.500 производи, коишто им ги набавуваат добавувачите и со тоа што нема да им наметнуваат други давачки.

„Тука е добро за потрошувачите, а ова е конкретна мерка за тие 100 производи“, изјави Лончар Велкова.

Што се однесува за Законските измени за брзите кредити, ставот на Организација на потрошувачи е дека тие се добри, а единствена забелешка им била што доцна биле донесени Правилниците.

„Она што ние имавме замерка е дека правилниците коишто требаше да се донесат не се донесоа веднаш, туку се пролонгираше подолго време. Но еве сега ќе важат и правилниците. Добро се устроени, сепак под одредена контрола. Да речеме кога ги потпишуваат договорите треба доволен рок да им се даде на луѓето, да има чек листа на договорите, да се штиклираат онлајн кога се потпишуваат, да се види дека тие ги разбрале, бидејќи многу од нив не ги разбираат. Многу од нив ги земаат брзите кредити здраво за готово“, вели Лончар Велкова.

Таа додаде дека се во исчекување на носење на Закон за финансиски обдусман, и како Организација на потрошувачи сакаат да бидат вклучени во работната група.

Инаку, Органзиација на потрошувачи на Македонија денеска во Штип реализираше работна средба со потрошувачите и невладини организации во Штип во врска со проектот „Јакнење на правата на потрошувачите во финансиските услуги“. Претседателката на ОПМ Лончар Велкова истакна дека како овластено тело дејствуваат за заштита на колективните интереси на потрошувачите, односно за промовирање на алатката за пријаување на проблем.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ