сабота, 19 октомври 2024
Жената на која ѝ бил изваден тумор е добро

Операција на мозок кај свесен пациент за прв пат направена кај нас, оперираше Филипче и неговиот тим

Поранешниот министер за здравство Венко Филипче денес на социјалните мрежи споделувајќи фотографии соопшти дека за прв пат во историјата на неврохирургијата во нашата држава е направена авеик бреин срџери (awake brain surgery), односно операција на буден мозок т.е. свесен пацинет, но со локална анестезија. Операцијата била изведена кај млада пациентка која имала тумор блиску до центрите за говор и движење на десната рака и нога.

Објавено на

часот

Сподели

„Предноста на аwake brain surgery е поради неопходната соработка која хирургот ја има со пациентот додека трае операцијата. За да се отстрани максимална количина на тумор без да се оштетат центрите за говор и движење хирургот комуницира со пациентот. Мозочното ткиво не содржи рецептори за болка, па самиот тек на операцијата е безболен. Кај нашата млада пациентка операцијата помина одлично. Туморот е изваден до максималните можни граници и пациентката се чувствува добро. Им честитам на тимот анестезиолози предводен од д-р Весна Дурнев и упатувам благодарност до колегата д-р Игор Лазиќ од Клиниката за неврохирургија во Белград. Драго ми е што моите млади колеги имаа голем интерес и желба да бидат повторно мој верен тим во операционата сала“, напиша неврохирургот Филипче на социјалните мрежи. 

операција

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ