сабота, 27 јули 2024

ОпенАИ објави мејлови на Илон Маск: „Жал ни е што дојде до ова“

ОпенАИ му возврати на Илон Маск, кој минатата недела ја тужеше компанијата која го создаде ЧетГПТ за „трчање по профит и отстапување од својата изворна, непрофитна идеја“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Маск во тужбата тврди дека компанијата се дистанцирала од својата изворна, непрофитна мисија здружувајќи се со Мајкрософт за 13 милијарди долари и задржувајќи го кодот за своите најнови генеративни производи од вештачката интелигенција во тајност.

Маск, кој беше коосновач на ОпенАИ во 2015 година, во меѓувреме замина и формираше сопствена компанија за вештачка интелигенција (АИ), иксАИ. Во неговата тужба се наведува дека таа компанија и нејзиното партнерство со Мајкрософт ја прекршиле основачката повелба на ОпенАИ, што претставува кршење на договорот. Маск бара судење пред порота и компанијата и коосновачот Грег Брокман да ја вратат заработката која ја оствариле со работењето.

Опен АИ сега објави неколку мејлови на Маск од раните денови кои покажуваат дека Маск сметал дека ОпенАИ требало да заработи куп пари. Во мејловите, чии делови се редактирани, Маск тврди дека компанијата нема практично никакви шанси да изгради успешна генеративна АИ платформа само со собирање пари и мора да најде алтернативни извори на приходи за да успее.

Во мејл од 22 ноември 2015 година, Маск на Сем Алтман, извршниот директор, му кажал дека компанијата мора да собере многу повеќе од 100 милиони долари „за да не изгледа безнадежно“. Маск предложил обврска за финансирање од милијарда долари и ветил дека ќе покрие сè што нема да се собере. ОпенАИ кажа дека Маск никогаш не го исполнил своето ветување и дека дал 45 милиони долари за компанијата, додека други донатори собрале 90 милиони.

Маск во мејл од 1 февруари 2018 им кажал на директорите на компанијата дека единствениот пат напред за ОпенАИ е да го купи Тесла, неговата компанија за електрични автомобили. Компанијата одби, а Маск се повлече од ОпенАИ подоцна истата година.

Во декември 2018 Маск испратил мејл во кој се наведува дека ОпенАИ нема да биде релевантен „без драматична промена во ресурсите“. „Ви требаат милијарди долари годишно или може да заборавите на успех“, се наведува во мејлот. „Навистина се надевам дека грешам“.

Во 2019 ОпенАИ го формираше ОпенАИ ЛП, профитен субјект кој дејствува во структурата на матичната компанија. Таа профитна компанија ја направи ОпенАИ од ефективно безвредна компанија до фирма чија вредност е проценета на 90 милијарди долари за само неколку години. Мајкрософт тогаш влезе во партнерство со ОпенАИ со 13 милијарди долари.

„Тажни сме што до ова дојде со некој на кого длабоко му се восхитуваме, некој кој нè инспирираше да целиме кон нешто поголемо, потоа ни кажа дека нема да успееме, па формираше конкуренција, а потоа нè тужеше кога почнавме значително да напредуваме кон ОпенАИ мисијата без него“, објави ОпенАИ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ