петок, 26 јули 2024

ОПЕК+ планира да го намалува производството на нафта и во 2025

Организацијата на земји извознички на нафта ОПЕК и нејзините сојузници одлучија да го намалуваат производството и во 2025 година за да ги поддржат цените во период на намалена побарувачка и поголема понуда од групата независни произведувачи на чело со САД.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

ОПЕК+ го ограничува снабдувањето од 2022 за вкупно 5,86 барели дневно, што одговара на околу 5,7 отсто од глобалната побарувачка. Тие вчера го продолжија за една година, до крајот на 2025, договорот кој предвидува намалување на снабдувањето за 3,66 милиони барели дневно.

Преостанатите 2,2 барели дневно ќе бидат исклучени од пазарот до крајот на септември, објави групата, додавајќи дека е во план нивно враќање во етапи до крајот на септември следната година.

„Чекаме намалување на каматните стапки и поголем економски раст кој треба да ги замени испразнетите џебови“, кажа саудискиот министер за енергетика принцот Абдулазиз бин Салман.

Групата очекува побарувачката по нејзината нафта во втората половина од годината во просек да изнесува 43,65 милиони барели дневно.

ОПЕК воспостави соработка со Русија, Мексико, Казахстан, Оман, Азербејџан, Малезија, Бахреин, Јужен Судан и Брунеи во 2016 година и нивниот удел на глобалниот пазар на нафта денес изнесува околу 41 отсто, според проценката на Ројтерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ