петок, 18 октомври 2024

Опасностите од нередовната проверка на филтрите за воздух во автомобилот

Објавено на

часот

Сподели

Имено, додека филтрите се нови, тие спречуваат надворешните влијанија да навлезат во возилото, но филтрите што не се менуваат подолго време, може да се затнат и да станат „плодна почва“ за мувла и други штетни влијанија. И антибактериските и фунгицидните премази на филтерот стануваат неделотворни по долга употреба. Тоа уште повеќе ја препорачува редовната проверка на филтрите.

Има само неколку модели автомобили што им овозможуваат на сопствениците сами едноставно да ги исклучат и вклучат филтрите. Повеќето возачи ќе треба да го однесат своето возило кај механичар за замена на тој дел.

Познавачите велат оти филтрите би требало да се менуваат на секои 15.000 минати километри и дека дури и возачите кои не минуваат толку голема километража треба да ги менуваат барем еднаш годишно за да се обезбеди нивната делотворност.

„Ова обично се прави како дел од техничкиот преглед. Но, ако сте принудени да возите низ области полни со полен секој ден, можеби ќе треба да го менувате филтерот почесто“, нагласува Винченцо Лука, технички инспектор на германско-австриското Здружение за техничка проверка на возила – ТУВ (TÜV).

Така, ако страдате од алергија на полен, не се препорачува паркирање под дрвја за време на сезоната на полен. Исто така, најдобро е прозорците да бидат затворени во возење, како и подвижниот покрив.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ