петок, 18 октомври 2024

Опасен e воздухoт во Струмица, во дел од Скопје е уште поопасно, нездраво во неколку градови

Интернет страницата waqi.info, специјализирана за следење на квалитетот на воздухот во светот, а која објавува податоци и за повеќе градови и населени места во секоја од државите, вечерва регистрира опасен воздух во Струмица и уште поопасен или нездрав воздух во делови од Скопје и во околината, како и во Тетово, Гостивар, Кичево, Велес, Битола и Кавадарци.

Објавено на

часот

Сподели

Магливото и тивко неврнежливо време по котлините, сообраќајот, нееколошкото „турбо“ предпразнично загревање на домовите, индустријата колку што ја има, депониите и нередовното собирање на ѓубрето и неефикасното чистење на улиците, сето тоа придонесува за висока концентрација и континуирано присуство на најопасните ПМ честички во воздухот и за високите вредности кои се прикажани на фотографијата.

Загрижува дефиницијата на загаденоста на воздухот во Струмица како „опасен воздух“, со индекс од неверојатни 327 единици, што треба да е предупредување да не се излегува надвор без поголема потреба, а ако се излегува што побрзо да се завршат обврските. Ако се излегува надвор препорачано е преку лицето да се стави заштитна маска (нешто што колку – толку го научивме во ковид-кризата). Препораката е да не се отвораат прозорците заради проветрување на домовите, затоа што проветрувањето значи внес на опасни честички по здравјето.

Истото важи и за Скопје, но делови од главниот град не само што се „рамо до рамо“ со Струмица, туку е и уште поопасен воздухот во населбите долж булеварот Борис Трајковски, откај крајот на населбата 11 Октомври кон Пинтија, како и долж булеварот Трета македонска бригада, од Кончар кон булевар Србија.

Податоците се по 21.30 часот, кога Скопје е на 12-то место на листата на големи или главни градови во светот составена според индексот на (не)квалитетот на воздухот што речиси од минута во минута ја составува специјализираната интернет страница Ервижуал. За утеха, ако може така да се рече, е фактот дека Скопје не е на првото место во Европа, таа „чест“ вечерва ја има Сараево кое е на првото место и е на шестото место во светот.

Ништо подобри резултати нема да се видат ниту на домашната интернет страница Пулс еко. Дури се и полоши, можеби затоа што се следат состојбите на повеќе локации.

Каде и како да се гледа и чита, не е на арно.

П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ