Утрово, во 9.17 часот, состојбата во Скопје не е ништо подобрена. Сега „падна“ Скопје на таа листа за едно место и се наоѓа на осмото место на листата на 100 големи или главни градови во светот според индексот на квалитетот на воздухот.
Ноќеска најтешко се дишеше во населбата Лисиче, каде waqi.info воздухот го дефинираше како „многу опасен“ со доминантна концентрација на најканцерогените ПМ2,5 честички. Утрово и домашната интернет страница еко.пулс покажува алармантна ситуациј,а особено во Лисиче.
И примерот со воведување на мерки од страна на државата, како што беа кон Кичево, неодамна и за Кавадарци, Струмица и Скопје, а кои се однесуваат на внимателност на лицата со нарушено здравје, за бремените жени и постарите лица, само покажуваат дека нема ефикасни краткорочни мерки.
Изворот на загадувањето е затоплувањето на домовите со отпадни и канцерогени материи, сообраќајот, индустријата, ѓубрето и депониите и тоа е карактеристично особено во зимските месеци во услови на ведро и тивко време.
П.Џ.