петок, 18 октомври 2024
Маестрален погодок

Онана прими гол од половина терен, голманот на Јунајтед сосе топка заврши во мрежа! (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Манчестер јунајтед ова лето потроши 55+ милиони евра за да го донесе Андре Онана, кој веднаш ги импресионираше навивачите откако му се нафрли на поранешниот капитен Хари Мегваер по една грешка против Борусија Дортмунд.

Голманот потоа порача дека ќе бара многу од соиграчите, но не помина многу за одбраната на „ѓаволите“ одново да киксира. За маката да биде поголема, Андре Онана е тој што испадна смешен на крајот.

Денеска на контролниот натпревар против Ленс, Далот погрешно врати една топка, Флоријан Сотока забележа дека голманот на Манчестер јунајтед е излезен, па маестрално го матираше од половина терен.

Андре Онана се обиде да спаси, но само заврши во мрежата заедно со топката.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ