сабота, 27 јули 2024

ОН: За четири месеци во Газа се убиени повеќе деца отколку за четири години во светот

Повеќе деца се убиени во Појасот Газа за четири месеци војна со Израел отколку за четири години различни конфликти низ светот, изјави претседателот на Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА).

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Вртоглаво. Бројот на наводно убиените деца за само четири месеци во Газа е поголем од бројот на убиените деца за четири години во сите конфликти низ светот“, напиша Филипе Лазарини на социјалната мрежа Икс, осудувајќи ја „војната против децата“.

Според ОН, 12.193 деца загинале во конфликти низ светот од 2019 до 2022 година.

Израел претходно обвини 12 од 30.000 вработени во УНРВА за учество во смртоносниот напад на Хамас на 7 октомври, но Лазарини пред неколку дена изјави дека нема докази дека некој од вработените во агенцијата бил вмешан во нападот на Хамас врз Израел во октомври.

Тој оцени дека таквите обвинувања доаѓаат од израелската влада со цел да се спречи хуманитарната помош за палестинските цивили.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ