сабота, 27 јули 2024

ОН: Воздушната и поморската помош за Газа не може да ја заменат копнената

Испораката на хуманитарна помош за Газа по воздушен или морски пат не може да ја замени копнената рута, посочи вчера координаторката на ОН за помош на палестинската територија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Зборував за важноста од диверзификација на копнените рути за набавка. Ова останува оптимално решение: полесно, побрзо, поевтино, особено затоа што знаеме дека ни треба континуирана хуманитарна помош за луѓето во Газа во долг временски период“, рече Сигрид Кааг по затворениот состанок на Советот за безбедност.

Осврнувајќи се на неодамнешната испорака на помош од воздух од страна на Соединетите Држави и други земји, таа го поздрави „симболот на поддршка за цивилите во Газа, доказ за нашата заедничка хуманост. Но, тоа е капка во морето“.

„Воздухот и морето не можат да го заменат она што мора да пристигне по копно“, рече поранешната холандска министерка.

Таа ја поздрави американската најава за изградба на привремено пристаниште во Газа за транспорт на хуманитарна помош по морски пат, навестувајќи дека и други „големи земји“ ќе се приклучат на овој „поморски коридор“ почнувајќи од Кипар.

Запрашана за главните пречки во доставувањето помош за жителите на Газа, Сигрид Кааг рече дека треба да се отворат повеќе копнени премини, нагласувајќи го и комплицираниот процес на гранична контрола.

„Со континуираните борби, очајните луѓе, растргнатото општествено ткиво и зголеменото беззаконие ни станува сè потешко да ја примиме и безбедно да ја дистрибуираме помошта откако ќе се провери“, рече таа.

Портпаролот на генералниот секретар на ОН објасни дека камионите кои пристигнуваат на преминот Рафа, на границата со Египет, мора да се истоварат по проверка и повторно да се натоварат од страната на Газа во камиони кои често се помали и ги има премалку.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ