сабота, 27 јули 2024

ОН: Русија спроведува атмосфера на страв во Украина

Русија нелегално ја консолидира својата контрола врз окупираните делови на Украина создавајќи „атмосфера на страв“ со апсења, убиства и мачења, кажа шефицата на мисијата на Обединетите нации во Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Зборувајќи пред објавувањето на заклучоците на опсежната мисија на ОН за надзор на состојбата на човековите права на територијата под контрола на руските сили, шефицата на мисијата Даниел Бел истакна дека руските кршења на правата имаат цел да се заплаши локалното население и да се примора на соработка.

„Тоа комбинирано дејствување низ цензура, надзор, политичка опресија, репресија на слободата на говорот, ограничување на движењето, создало атмосфера на страв во која Руската Федерација може системски да ги отстранува украинските системи на власт и администрацијата“, кажа таа за Ројтерс.

Москва отфрла дека нејзините сили вршат злосторства или намерно напаѓаат цивили. Русија во 2014 година го анектираше Крим, а со инвазијата во 2022 дополнително освои области на југот и на истокот, па во моментов контролира околу петтина од украинската територија.

Мисијата на ОН немала пристап до подрачјата под руска контрола, па заклучоците се засновани на сведоштвата на околу 2,3 илјади луѓе кои живеат под окупација, ги напуштиле тие подрачја или живеат во делови од земјата кои биле ослободени. Бел истакна дека постоела иницијална фаза на кршење на човековите права, убиства, мачења и притворања без правна постапка на оние за кои се сметало дека го поддржуваат Киев.

Следеле кампањи против слободата на движење, собирање и говори на локалното население, по што следело менување на сите големи институции со руски.

Бел кажа дека Русија ги терала луѓето да земат руско државјанство, забранувајќи им пристап до здравството, социјалната помош или недвижностите ако не го направат тоа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ