сабота, 27 јули 2024

ОН покренаа истрага за убиениот хуманитарен работник во Појасот Газа

Обединетите нации покренаа истрага за нападот на возилото на ОН што се случи во понеделникот во градот Рафа во јужниот дел на Газа, во кој загина припадник на меѓународниот персонал, соопшти денеска портпаролот на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Убиениот работник, пензиониран офицер на индиската армија Ваџибхав Анил Кале, работел за одделот за безбедност на ОН и со колега бил на пат кон Европската болница во Рафа кога се случил нападот. Во нападот е повреден и колегата на Кале, пренесува Ројтерс.

Во изјавата во понеделникот по смртта на Кале, Гутереш го повтори „апелот за итен хуманитарен прекин на огнот и за ослободување на сите заложници“, велејќи дека конфликтот во Газа им се заканува „не само на цивилите, туку и на хуманитарните работници“.

Заменик-портпаролот на генералниот секретар на ОН Фархан Хак во вторникот изјави дека ОН формирале панел за утврдување на фактите за нападот. Хак претходно истакна дека Кале е првиот меѓународен вработен во ОН кој е убиен во војната во Газа.

„Истрагата штотуку започна, деталите за инцидентот сè уште се проверуваат со израелските одбранбени сили“, рече тој.

Тој додаде дека 71 член на меѓународниот персонал во моментов се наоѓа во Појасот Газа.

Мисијата на Индија во ОН во вторникот ја потврди смртта на Кале и соопшти дека е „обземена со тага“ поради смртта на хуманитарниот работник. Индиското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека дипломатските претставништва се во контакт со „сите релевантни страни“ и работат на враќање на телото на хуманитарниот работник во земјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ