сабота, 27 јули 2024

ОН: Околу 48 милиони луѓе во Африка се соочуваат со акутен недостиг од храна

Објавено на

часот

Сподели

На западна и централна Африка ѝ се закануваат сè поголеми ризици поради високите температури и ретките врнежи. Војната во Украина придонесува на недостигот на храна и ѓубрива во еден од најсиромашните региони во светот.

Се прогнозира дека без редовен пристап до сигурна исхрана ќе бидат 48 милиони луѓе во текот на „оскудната сезона“ од јуни до август, покажува регионалната анализа на безбедноста на храната која ја претставија Светската програма за храна на ОН, хуманитарната агенција ОЦХА, Организацијата за исхрана и земјоделство (ФАО) и Уницеф.

Тоа делумно е предизвикано од состојбата на земјите во полусушниот регион Сахел, јужно од пустината Сахара, вклучувајќи ги Мали и Буркина Фасо кои се борат со исламистички бунтови, во кои се убиени илјадници луѓе и раселени се околу 2,5 милиони.

Се очекува рекордни 45.000 луѓе во Сахел да се соочат со катастрофален глад, што е речиси најлошо ниво на глад, се наведува во соопштението.

„Сè поголемата неизвесност и конфликтите значат дека ранливоста во регионот е во пораст и дека е сè потешко да им се помогне на заедниците во изолираните области“, кажа шефицата на Уницеф за западна и централна Африка Мари Пјер Порие.

Околу 16,5 милиони деца помлади од пет години ќе се соочат со акутна потхранетост оваа година, се наведува во анализата. Зависноста на регионот од увоз ја направила ранлива на високите глобални стапки на инфлација иако многу делови од западна Африка во 2022 година забележале зголемување на количеството врнежи и зголемување на производството на житарки.

„Време е за акција за поттикнување на земјоделското производство за да обезбедиме прехранбен суверенитет во нашиот регион“, кажа Роберт Гуеи, координатор на ФАО за западна Африка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ