сабота, 27 јули 2024

ОН: Нема знаци дека завојуваните страни во Судан се подготвени да преговараат

Објавено на

часот

Сподели

„Од тоа произлегува дека двете страни мислат дека е можно да обезбедат воена победа над другата страна“, рече пратеникот Фолкер Пертес пред Советот за безбедност на ОН. „Ова е погрешна пресметка“, додаде тој.

На 15 април избувнаа борби меѓу Суданските вооружени сили (САФ) и паравоените Сили за брза поддршка (РСФ). Двете страни се согласија на 72-часовно примирје кое започна во вторникот по преговорите со посредство на САД и Саудиска Арабија.

„Се чини дека досега се одржува во некои делови. Сепак, слушаме и постојани извештаи за борби и движење на трупите“, рече Пертес, кој се јави преку видео-повик од Порт Судан.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш насилството и хаосот во Судан ги опиша како „срцепарателни“. „Борбата за власт ја става во ризик иднината на Судан и може да предизвика долгогодишно страдање и со децении да го забави развојот“, рече Гутереш.

Обединетите нации преместија стотици вработени и членови на семејството од Картум во Порт Судан. Планираат таму да основаат центар за да продолжат да работат во земјата во која дури и пред избувнувањето на насилството на речиси 16 милиони луѓе или на третина од населението им беше потребна хуманитарна помош.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ