понеделник, 20 мај 2024

ОН: Израел не ги докажа наводните врски на персоналот на УНРВА со Хамас

Независна истражна комисија именувана од Обединетите нации објави извештај во кој се наведува дека „Израел сè уште нема пружено докази“ за своето тврдење дека бројни членови на персоналот на агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (УНРВА) во Газа се припадници на Хамас, и на движењето Исламски џихад во Палестина, како и дека се вмешани во упадот на Хамас на Израелска територија на 7 октомври минатата година.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Израел јавно ги објави тврдењата дека многу вработени во УНРВА се членови на терористички организации. Меѓутоа, Израел допрва треба да пружи докази за тоа да го потврди“, се наведува во извештајот.

Се наведува и дека УНРВА ги споделувала листите на својот персонал, со имиња и функции, со израелската влада од 2011 година, за Тел Авив да може да ја предупреди таа агенција за сè што потенцијално би ги дисквалификувало членовите на персоналот да добијат дипломатски имунитет.

Што значи дека израелската влада не ја известила УНРВА за каква било загриженост во врска со кој било вработен од листите од 2011 година, додека израелското министерство за внатрешни работи соопшти дека списоците немале идентификациски броеви на персоналот, што ги попречувало во проценката на податоците.

Реагирајќи на извештајот, портпаролот на израелската дипломатија Орен Марморштајн изјави дека повеќе од 2.135 работници на УНРВА се во Хамас или Исламски џихад во Палестина, додека наводно петтина од училишните администратори на УНРВА се во Хамас.

„Хамас толку длабоко се инфилтрирал во УНРВА што повеќе не е можно да се утврди каде УНРВА завршува, а Хамас почнува“, кажа тој, додавајќи дека извештајот „ја занемарува сериозноста на проблемот и нуди козметички решенија“.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш почна интерна истрага за наводната вмешаност на персоналот на УНРВА во нападот на 7 октомври, но и независна истрага фокусирана на пошироките прашања за ефектот, управувањето и неутралноста на УНРВА во Газа. Истрагата претставена во новиот извештај ја предводи поранешната француска министерка за надворешни работи Кетрин Колона.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ