сабота, 27 јули 2024

ОН: Индијците ќе бидат повеќебројни од Кинезите до средината на 2023

Објавено на

часот

Сподели

Населението на Индија ќе биде 1,428.6 милијарди, а на Кина 1,425.7 милијарди, се вели во извештајот на Популацискиот фонд на Обединетите нации (УНФПА) за состојбата на светската популација.

Населението на Кина минатата година се намали првпат во повеќе од шест децении, покажаа официјалните податоци во почетокот на оваа година.

Извештајот на УНФПА, исто така, проценува дека светската популација ќе достигне 8,045 милијарди до средината на оваа година.

Индија нема официјални податоци за своето население бидејќи нема спроведено попис од 2011 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ