сабота, 27 јули 2024
Средба со постојаната координаторка на ООН

OН имаат исклучителен придонес за европската интеграција на земјава, истакна Силјановска Давкова

Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова денеска, на Росана Дуџак, постојан координатор на Обединетите Нации, која ја прими во својот кабинет, ѝ изрази задоволство од „исклучителниот придонес на ОН во нашата европска интеграција и континуирана поддршка за земјата и за граѓаните“.

Објавено на

часот

Сподели

„На средбата, упатувајќи честитки за изборот на претседателката Сиљановска Давкова, координаторката на ОН, Дуџак, ја истакна одличната институционална соработка, на сите нивоа и области, во реализацијата на активностите и проектите поддржани од меѓународната организација.

Претседателката Сиљановска Давкова изрази задоволство од исклучителниот придонес на Обединетите Нации во нашата европска интеграција и континуираната поддршка за земјата и за граѓаните. Taa ги истакна приоритетите на својот мандат кои во голем дел се совпаѓаат со активностите на агенциите на Обединетите Нации кои се спроведуваат или се планираат во земјава.

Двете соговорнички разговараа за спроведувањето на рамката за соработка 2021-2025, како главен стратешки документ што ја утврдува работата на системот на ОН во земјава, а во согласност со националните развојни приоритети, меѓународните човекови права, обврските за родова еднаквост и Агендата 2030“, се вели во соопштението од кабинетот на претседателката на Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ