сабота, 27 јули 2024

ОН ги повикува сите држави да ја признаат Палестина

Група експерти во Обединетите нации денес ги повика сите држави да ја признаат палестинската држава за да се постигне мир на Блискиот Исток.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Повикот доаѓа по неделата во која Шпанија, Ирска и Норвешка официјално ја признаа палестинската држава, предизвикувајќи гнев на Израел кој станува меѓународно сè поизолиран поради војната во Газа, пишува Ројтерс.

Експертите, меѓу нив и специјалната известувачка на ОН за човекови права на палестинските територии, кажаа дека признавањето на палестинската државност е важно за правата на палестинскиот народ и нивните напори кон слободата и независноста.

„Тоа е предусловот за траен мир во Палестина и на целиот Блиски Исток, а почнува со моментална објава на прекин на огнот во Газа и прекин на понатамошни воени напади во Рафа“, истакнаа тие.

„Решението со две држави останува единствено бидејќи е меѓународно усогласен пат кон мирот и безбедноста и за Палестина и за Израел и е излез од генерациските циклуси на насилство и омраза“.

Шпанија, Ирска и Норвешка со своето признавање сакаат да го забрзаат постигнувањето мир во Газа. Трите држави изразија надеж дека тоа ќе го забрза признавањето и од други западни држави. Израел се противи на признавањето на Палестина, тврдејќи дека тоа ја јакне позицијата на Хамас.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ