сабота, 27 април 2024

ОН: Фрламе милијарда тони храна годишно, а луѓе гладуваат, тоа е глобална трагедија

Секој ден во светот се фрлаат повеќе од милијарда оброци, и во сиромашните и во богатите земји, и покрај тоа што повеќе од 730 милиони луѓе во светот гладуваат, се наведува во извештај на Обединетите нации.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Околу петтина од храната се фрла, поради расипништво или лошо планирање и поради немање пристап до фрижидер или склад, се наведува во извештајот. Тоа истовремено предизвикува глобален трошок од билион долари годишно.

Домаќинствата се одговорни за поголемиот дел од светскиот отпад кој настанува со фрлањето храна, околу 60 отсто од милијардата тони храна која годишно се фрла. Но, комерцијалните прехранбени системи исто така значително придонесуваат на фрлањето, прехранбените услуги се одговорни за 28 отсто од отпадот, а малопродажбата околу 12 отсто во 2022 година, покажуваат најновите податоци.

Овие бројки ги исклучуваат дополнителните 13 отсто храна која се губи во синџирот за снабдување со храна, меѓу производството и пазарот, често поради отфрлање или расипување.

Не само што овој отпад претставува лошо управување со природните ресурси, тој исто така поприлично придонесува на кризата со климата и биодиверзитетот бидејќи сочинува речиси 10 отсто од глобалните емисии на штетни гасови. Со тоа се загрозуваат дивите животни во областите каде што се врши интензивно земјоделство, а повеќе од четвртина од светското земјоделско земјите се користи за производство на храна која потоа се фрла.

Ингер Андерсен, извршната директорка на програмата на ОН за животната средина, која го напишала извештајот заедно со Акциската програма за отпад и ресурси на Обединетото Кралство, го опиша фрлањето храна како „глобална трагедија“.

„Милиони денес ќе гладуваат додека храната се фрла низ светот. Не само што тоа е голем развоен проблем, туку и влијанијата на таквиот непотребен отпад имаат големо и штетно влијание врз климата и природата“, кажа таа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ