сабота, 27 јули 2024

ОН: Да се расветлат исчезнувањата и убиствата на новинари на Косово

Објавено на

часот

Сподели

Таа тема, како што кажа, ја отворила во разговорите со приштинските власти, бидејќи секое убиство на новинар е многу опасно бидејќи влијае врз сите новинари и испраќа порака, особено кога сме соочени со неказнивост на тие злосторства, кога истрагите не се завршени, кога нема судење.

„Таквата состојба всушност е порака дека неказнето може да убиете новинар и на тој начин да ја сопрете слободата на говорот. Затоа е многу важно, а го истакнав тоа на Косово, да дојде до истраги, тие да се завршат и да се обезбеди правда. Овие случаи датираат од пред 20 и повеќе години, има 17 нерешени случаи. Постои специјален обвинител, но со него не сум се сретнала. Ја отворив оваа тема со друг обвинител и темата ќе ја ставам во својот извештај“, наведе Кан, а пренесува Политика.

Таа кажа дека за српските медиуми на Косово главниот проблем е пристапот до информации на српски јазик, што е очигледно во косовскиот парламент, каде за време на седниците најчесто не е достапен превод, па на новинарите им е многу тешко да известуваат за тоа што е кажано.

„Проблем е и пристапот до законите и другите документи кои на српски јазик се достапни со временско задоцнување во однос на тоа кога се објавени на албански“, кажа Кан.

„Кога станува збор за јазикот, би сакал да додадам дека постои комесар за јазиците во канцеларијата на премиерот на Косово, така што сепак се прави нешто во врска со тој проблем. Исто така, постои комесар за пристапот до информации, а слушнав и од медиумите на српски и од медиумите на албански јазик позитивни коментари за неговата работа, односно дека се поправила ситуацијата кога станува збор за слободниот пристап до информациите“, истакна Кан.

Таа истакна и дека некои политичари не сакаат да зборуваат за одредени медиуми, што смета дека не е добро.

„Тие мора да бидат одговорни и отворени за сите, доколку сакаат да бидат во јавниот простор, без оглед од која медиумска куќа доаѓаат прашањата, сè додека тие медиуми ги третираат на фер начин“, заклучи Кан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ