сабота, 27 јули 2024

ОН: Бараме истрага поради пријавените сексуални напади на палестински жени и девојчиња

Обединетите нации (ОН) побараа истрага за да се разгледаат „наводите за кршење на човековите права“ против жените и девојчињата во Газа и на Западниот Брег. Пријавите се однесуваат на израелски војници.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Обвиненијата вклучуваат дела како што се убиства, произволно притворање, понижувачко постапување, силување и сексуално вознемирување. Извештајот вчера го објави Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на ОН. Во извештајот нема детали како се собираат податоците, но се однесува на фотографии на затворенички во понижувачки околности, наводно направени и објавени на интернет од израелски војници.

Израелските одбранбени сили ги негираат обвинувањата и велат дека се придржуваат до меѓународното право. „Без прецизни детали или докази за поединечни случаи, не е можно длабински да се истражат овие наводи“, изјавија од ИДФ за Си-ен-ен.

Мисијата на Израел во ОН во Женева, исто така, ги негира обвинувањата, кои ги нарече „одвратни наводи без покритие“. Тие рекоа дека израелската влада не примила никакви поплаки и рекоа дека „Израел е подготвен да ги истражи сите конкретни наводи за недисциплина меѓу неговите безбедносни сили, доколку се презентираат веродостојни докази“.

Официјални лица во највисокото независно тело на ОН за проверка на фактите за човекови права изразија загриженост за третманот на палестинските жени по нападот на 7 октомври.

„Многу Палестинки и девојчиња се третирани нехумано и понижувачки. Не им се дава храна, лекови или менструални влошки. Ги тепаат“, напишаа официјалните лица во извештајот. „Имаме информации дека барем во еден случај Палестинките во Газа биле држени во кафез на дожд без храна“.

Претставници на ОН изјавија дека добиле извештаи за повеќе случаи на сексуално вознемирување на жени и девојчиња, што вклучувало соблекување и претресување од страна на израелски војници. Имаме информации дека најмалку две жени биле силувани, додека на други им се заканувале со силување“, се вели во извештајот.

Израел одговори на извештајот на ОН обвинувајќи ги ОН дека „молчат за сексуалното насилство што Хамас го спроведува од 7 октомври“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ