сабота, 27 јули 2024

ОН: 100 дена војна во Газа – дамка на нашата заедничка човечност

Смртта, разурнувањето од големи размери и болката во последните 100 дена од почетокот на војната во Газа меѓу Израел и палестинското движење Хамас претставуваат дамка на нашата заедничка човечност, изјави денес шефот на агенцијата ОН за палестинските бегалци (УНРВА).

ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Минаа 100 дена од почетокот на таа разорна војна, убивањето и раселувањето на луѓето во Газа, по ужасните напади на Хамас и други групи на народот во Израел. Тоа се 100 дена тешкотии и маки за заложниците и нивните семејства“, кажа Филип Лазарини по посетата на палестинската територија.

Она низ што минува населението на Газа е „неподносливо, во трка е со времето против гладот“, предупреди високиот функционер на ОН.

„Тешката состојба на децата е особено загрижувачка. Ќе бидат потребни години за да се излечи целата генерација трауматизирани деца“, истакна тој.

Лазарини побара од завојуваните страни да ги поштедат зградите како болниците или просториите на УНРВА. Таквата инфраструктура „никогаш ниедна страна не би требало да ја користи за воени цели“, кажа функционерот на ОН.

Напомена дека од почетокот на војната се убиени 146 припадници на УНРВА.

Војната во Газа почна со упадот на Хамас на 7 октомври на територијата на Израел, при што загинаа околу 1.140 луѓе, главно цивили, според податоците на Франс прес врз основа на израелските информации.

Во воените операции кои Израел од тогаш ги спроведува во Појасот Газа убиени се 23.843 лица, а повредени се повеќе од 60.300, се наведува во најновиот извештај на палестинското министерство за здравство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ