Вардар врза четири натпревари без пораз, попладнево „црвено-црните“ на гостувањето во Кратово се изборија за 1-1.
Натпреварот почна со половина час доцнење бидејќи автобусот на вардарци имаше незгодна со дупната гума.
Силекс рано дојде во водство, Алиќ искористи еден кикс на голманот Талески и реализираше за 1-0 во 12. минута.
Сепак, пред крајот на првиот дел, домаќините останаа со играч помалку, Донов доби црвен картон.
Во продолжението од натпреварот, Вардар имаше иницијатива но никако не успеваше да го најде патот до мрежата.
И кога се чинеше дека Силекс ќе слави, во последните мигови, по еден корнер, Омерагиќ се снајде најдобро и ја затресе мрежата за 1-1 во 95. минута.
На табелата Силекс со ова реми по 23 кола за останува четири бода зад Шкендија која е лидер со 49. Вардар од друга страна е осми со 21, колку што има и Брера.