Омерагиќ откри дека по направената ревизија се констатирани повеќе расходи отколку приходи направени од минатото раководство.
„Денеска по речиси три месеци од преземањето на функцијата претседател на ФФМ, свесен бев дека ќе имам предизвици, но состојбата која ја затекнавме беше полоша од планираното. Во изминатите години федерацијата имала повеќе расходи од приходи, во последните две години е направен минус од милион евра. Фудбалската академија имаше катасторфални услови, пробиен буџет, неогранизираност. Младинската академија треба да биде основата за фудбалот во нашата земја и на тоа ќе обрнеме посебно внимание. Младинските категории, кои се основата на секоја репрезентација, немаа доволна поддршка и јасен долгорочен план за развој. Потребно е подобро организирање, како и повеќе ресурси за нивен напредок. Во проблем беше и состојбата на административата зграда, инвестициските средства се потрошени за до 2028 година, но резултатите не се видливи. Но, во изминатиот период имавме и светли точки, нашата А репрезентација која ни носи добри резултати кои треба да бидат поттик за сите кои сме во фудбалот. Но, наместо да се навраќаме на минатото, треба да гледаме кон иднината. Преземаме конкретни чекори, ревизија на сите досегашни инвестиции, планирани се терени за тренинг, терени за натпревари во ПМФЛ, време е да претставиме нови стандарди во работењето, процесот е тежок, но е неопходен. Федерацијата ќе работи во интерес на македонскиот фудбал, бидејќи македонскиот фудбал го заслужува тоа“, рече претседателот Масер Омерагиќ.