недела, 20 октомври 2024

Олмо му даде три гола на Баерн Минхен, Кејн ќе почека за првиот трофеј (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Хари Кејн во Баерн Минхен допатува без освоен трофеј, имаше шанса уште на првиот меч да стигне до него бидејќи дебитираше токму на Суперкупот, но тоа не се случи.

Баварците потфрлија, создаваа шанси, особено во првото полувреме, но голови постигнуваше Дани Олмо.

Олмо уште во третата минута погоди за водство на Лајпциг од 1-0, а пред крајот на првото полувреме даде уште еден гол за 2-0.

Хет-трикот го завери во 68. минута со гол од пенал.

Хари Кејн во игра влезе во 63. минута, но не влезе во некоја посериозна шанса за гол.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ