петок, 18 октомври 2024

Оливера Наковска Бикова се сретна со претедателката Гордана Сиљановска Давкова пред заминувањето на Параолимписките игри

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими македонската параолимпијка, Оливера Наковска Бикова и тимот што ќе ја придужува на престојните Параолимписки игри кои ќе се одржат од 28 август до 8 септември.

Објавено на

часот

Сподели

Наковска Бикова е единстваната македонска натпреварувачка на овие Параолимписки игри. Таа ќе настапи во три стрелачки дисциплини на 31 август, 2 и 4 септември.

Претседателката Сиљановска Давкова на Наковска Бикова ѝ го врачи државното знаме кое нашата спортистка ќе го развее на Параолимписките игри.

Претседателката Сиљановска Давкова изрази уверување дека и покрај нашето скромно учество, со само еден натпреварувач на параолимпијадата, македонската спортистка ќе оствари успеси што ќе бидат национална гордост.

Наковска Бикова на Параолимписките игри во Лондон 2012 година го освои златниот медал во дисциплината 10 метри воздушен пиштол.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ