сабота, 27 јули 2024

Оливер Стоун: Америка сака да ѝ го одземе суверенитетот на Русија

Соединетите Американски Држави сакаат да ѝ го одземат суверенитетот на Русија за да ги запленат нејзините ресурси, изјави американскиот режисер Оливер Стоун.

Објавено на

часот

Сподели

Според него, Русија станала посилна по доаѓањето на власт на претседателот Владимир Путин на почетокот на 2000-те, што никако не им одговара на целите на САД.

„Русија беше скршена, народот умираше. Животниот век беше ужасен. Беше радосно кога Путин ја врати на нозе, спаси многу луѓе од сиромаштија. Ѝ го врати достоинството, почитта, од 2000 сè до денес“, кажа Стоун.

Американскиот режисер истакна дека САД не сакаат независна Русија туку сакаат да ја лишат од нејзиниот суверенитет за да влезат на Евроазискиот континент, кој е многу богат, како и Русија, која има огромно количество природни ресурси.

Стоун претходно сними документарен филм за претседателот на Русија врз основа на долги разговори со него.

Тој, заедно со украинскиот режисер Игор Лопатенко, во 2016 година продуцираше филм за настаните од 2014 година, наречен „Украина во пламен“.

Неколку години подоцна двајцата режисери го снимија документарецот „Откривајќи ја Украина“ во кој е прикажано интервјуто со Путин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ