понеделник, 20 мај 2024

Олимпијакос ја помина Астон Вила и ќе игра финале против Фиорентина (ВИДЕО)

Олимпијакос со нова победа над Астон Вила го завери пласманот во финалето од Конференциската лига каде ќе игра против Фиорентина.

Објавено на

часот

Сподели

Олимпијакос славеше изненадувачка победа на Вила Парк од 4-2 во првиот меч против Астон Вила, а денеска славеше уште еднаш, овојпат со 2-0.

Стрелец на двата гола беше Ел Каби кој најпрво погоди во 10. минута, а потоа реализираше и во 81. минута за конечни 2-0.

Во финалето Олимпијакос ќе игра против Фиорентина која синоќа одигра 1-1 кај Клуб Бриж, а тоа беше доволно со вкупни 3-2 да го завери пласманот во последниот меч од Конференциската лига.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ