сабота, 27 јули 2024

Ол-стар: Истокот со рекорден број на поени го победи Западот (ВИДЕО)

На Ол-стар натпреварот во Индијанаполис беше пробиена границата од 200 поени на еден тим, Истокот го победи западот со 211-186.

Објавено на

часот

Сподели

На овој НБА Ол-стар се врати стариот систем, источна против западна конференција.

Победи Истокот со 211-186 со што првпат во историјата една екипа ја проби границата од 200 поени на Ол-стар натпревар. Освен тоа, имаше уште неколку куриозитети од овој меч. Играчите на двете екипи шутнаа вкупно 168 тројки, а за 48 минути игра беа направени само три лични грешки.

Карл Ентони Таунс беше најдобар стрелец со дури 50 поени за 27 минути, но се најде на поразената страна, па затоа му избега МВП признанието. Тајрис Халибартон постигна 32 поена со десет погодени тројки, додека Џејлен Браун заврши со 36 поени.

МВП признанието „Коби Брајант“ му припадна на кошаркарот на Милвоки Бакс, Дејмијан Лилард кој постигна 39 поени, вклучувајќи 11 тројки од 23 обиди, а имаше и шест асистенции и три скока.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ