сабота, 27 јули 2024

Околу 30.000 Британци примиле заразена крв во болница, владата вети парична компензација

Колку и да чини ќе платиме, изјави премиерот на Велика Британија Риши Сунак зборувајќи за скандалот кој овие денови ја тресе островската земја, кој е документиран во извештајот на повеќе од две илјади страници на сер Брајан Лангстаф.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во периодот од 1970 до раните деведесетти години од минатиот век, околу 30.000 Британци примиле заразена крв во државните болници, а многумина од нив заболеле од тешки заболувања како хепатит Б, хепатит Ц, АИДС или цироза, рак на црн дроб, пневмонија, како последици од заразената крв.

Повеќе од 3.000 луѓе починале, а британскиот премиер во своето вчерашно обраќање кажа дека станува збор за недозволив пропуст на здравствениот систем кој бил системски прикриван.

Сунак им се извини на оштетените и семејствата на починатите пациенти за пропустите во трансфузијата и процедурите на управување со производите од крв во болниците.

Тој наведе дека предупредувањата на пропустите повеќе пати биле занемарувани, како и дека луѓе на одговорни позиции имале можност да го сопрат пренесувањето на болестите, што не го направиле.

„Што е уште полоши, на наш вечен срам, на начини кои е тешко воопшто да се разберат, дозволиле жртвите да станат „предмет на истражувања“. Многумина, вклучувајќи деца на колеџот лорд Мајор Трилор, биле дел од испитувања спроведувани без нивно знаење и знаење или согласност на нивните родители“, истакна британскиот премиер.

Сунак истакна дека имало прикривања, некои владини документи намерно се уништени во намерен обид да се отежни прикривањето на вистината.

Освен паричната компензација, британскиот премиер најави дека ќе има препорачани препораки кои Лангстаф и неговиот тим ги дале во својот извештај, а кои се однесуваат на здравствениот систем.

Се проценува дека паричната компензација ќе чини повеќе од десет милијарди фунти, пренесува Гардијан.

Се потсетува дека во претходен извештај од 2022, кој го работел сер Роберт Френсис, било предложени секој од повеќето илјади оштетени да добие по најмалку 10.000 фунти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ