сабота, 27 јули 2024

Околу 14 милиони гледачи го следеле на каналите на Би-би-си крунисувањето на британскиот крал

Објавено на

часот

Сподели

Околу 13,4 милиони гледачи, од 67 милиони жители во Британија, ја гледале церемонијата на крунисувањето на кралот на двата главни канали на Би-би-си.

Тој број се качил на повеќе од 14 милиони во времето кога круната била положена на главата на 74-годишниот крал, соопшти денес прес службата на британската телевизиска мрежа.

Останатите канали не ги соопштија своите податоци, но поголемиот дел од публиката ваквиот тип настани ги гледаат на Би-би-си.

За погребот на Елизабета Втора во септември минатата година, просечната публика била повеќе од 26 милиони гледачи, со најмногу 28 милиони гледачи, вклучувајќи 18,5 милиони на Би-би-си.

Нејзиното крунисување во 1953 година, прво на телевизија, го гледале 27 милиони луѓе во Британија, според Бакингемската палата, а погребот на принцезата Дајана 32 милиони.

Крунисувањето на Чарлс било подготвувано без премногу ентузијазам. Анкетите покажуваа ограничен интерес во контекст на галопирачката инфлација, а тука е и фактот дека Британците минатата година одбележаа 70 години од владеењето на Елизабета Втора во јуни, а потоа нејзиниот погреб во септември.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ