четврток, 24 октомври 2024

Околу 100 луѓе добија топлотен удар на аеромитинг во Колорадо

Околу 100 луѓе добија топлотен удар на аеромитинг во Колорадо во САД поради екстремно високите температури, а 10 од нив се хоспитализирани, соопштија властите.

Фото: архива

Објавено на

часот

Сподели

Повеќето од пациентите биле третирани од персоналот за итна помош на местото на настанот на регионалниот аеромитинг во Пајкс Пик во саботата, соопшти противпожарната служба во Колорадо Спрингс на социјалните мрежи.

На веб-страницата на аеромитингот беше наведено дека билетите биле распродадени за двата дена на настанот, во саботата и во неделата, пренесе АП.

Метеоролошката служба издаде предупредување дека во саботата во Колорадо се очекувале температури од 33,8 до 37,7 Целзиусови степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ