До крајот на сезоната, Оклахома не може да биде полошо пласирана од шестото место, но многу веројатно ќе остане на првата позиција бидејќи има 12 победи повеќе од второпласираниот Мемфис.
Натпреварот беше решен во последната четвртина во која Оклахома имаше предност и од 11 поени разлика, но гостинскиот тим се наоѓаше во водство безмалку цел натпревар. Бостон само на моменти потсетуваше дека е шампион, во неколку наврати доаѓаше до минимално водство кое брзо беше анулирано и Оклахома продолжуваше да го диктира темпото.
Шеј Гилџес Александер повторно беше најефикасен, постигнувајќи 34 поени со 7 асистенции и 5 скока, додека кај Бостон, прв стрелец беше Тејтум со 33 поени.
Резултати:
Атланта – Шарлот 123-110
Бостон – Оклахома 112-118
Торонто – Филаделфија 118-105
Хјустон – Феникс 111-104
Мемфис – Јута 122-115
Мајами – ЛА Клиперс 104-119
Сан Антонио – Далас 126-116
Денвер – Минесота 95-115
Портланд – Њујорк 113-114