Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постои опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците и опасност да го повтори делото. Потврда дека постои опасност осомничениот да се обиде да го избегнува кривичниот прогон е фактот што тој бил лишен од слобода на 29 декември на граничниот премин Долно Блаце при обид да излезе од државата.
Исто така, обезбедените материјални траги упатуваат дека тој имал соучесници, па осомничениот би можел да влијае врз нив доколку се брани од слобода.
Судот го прифати ваквото образложение на обвинителството и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена, соопшти ОЈО Скопје.