Како што информираше ОЈО Скопје во раните утрински часови денеска, осомничениот во парк во скопска населба го сретнал малолетникот со кого претходно се познавале и го повикал да разговараат, по што започнал да го допира.
„Малолетникот успеал да се извлече и го пријавил во полиција“, информираа од Обвинителството.
Со цел обезбедување на осомничениот и непречено водење на кривичната постапка, надлежниот јавен обвинител доставил предлог за определување мерки на претпазливост, забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, обврска за јавување кај надлежен државен орган, одземање на патна и друга исправа за преминувањe на државната граница и забрана за воспоставување контакт со оштетениот.
Судијата на претходна постапка попладнево ги прифатил предложените мерки.
360 Степени објави дека осомничениот е Д.Х. и е татко на портпарол на еден од поголемите политички партии во земјава.