среда, 11 декември 2024

ОЈО ГОКК формира предмет за смртта на мигрантка застрелана вчера од полициски пиштол

Објавено на

часот

Сподели

Постапувајќи по кривичната пријава доставена од Министерството за внатрешни работи, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, поднесе предлог за определување на мерката притвор противн две лица осомничени дека во текот на вчерашниот ден сториле кривично дело – криумчарење на мигранти  од член 418 – б став 2 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Во соопштението на обвинителството се вели дека вчера плициски службеници во раните утрински часови на паркинг просторот на местото викано Стара касарна во Гевгелија ги  затекнале осомничените во вршење на наведеното кривично дело.

„Второосомничениот во улога на чистач, со возило марка форд фокус, на илегалните игранти кои чекале во близина им дал звучен сигнал за да излезат.  Првоосомничениот пак, во возило марка мерцедес со бугарски регистерски ознаки, кои ознаки минатиот месец биле пријавени за украдени од подрачјето на Гевгелија, ги прифатил со намера да ги превезе и започнал да ги сместува во задниот дел од возилото. Додека траело сместувањето на мигрантите,  со цел да бидат обезбедени затекнатите лица, полициски службеник презел дејствие и ги предупредил со ‘Стој полиција’. Додека преземал дејствија за лишување од слобода на првоосомничениот, осомничениот физички го нападнал полицискиот службеник и  во текот на нападот бил испукан куршум од службениот пиштол, кој предизвикал фатални последици завршувајќи во тело на мигрантка  која веќе била сместена на задното седиште во возилото“, информира обвинителството.

Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителството и на двајцата осомничени кои се гонат по скратена постапка им определи мерка притвор.

„Воедно, надлежен обвинител од Одделението за истражување и гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, со цел да се испита одговорноста на полицискиот службеник формира предмет и донесе Наредба за вештачење на папиларните линии на службениот пиштол, како и на други траги врз основа на кои ќе се утврди кој го испукал куршумот со кој е предизвикана смртта кај мигрантката“, се вели во соопштението на обвинителството.​

                                                                                                                                 Фото: П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ